Радио Кочани
Кочани

На Божиќ родено првото бебе во Кочани во 2026 година

2,714

Со радосна вест започна 2026 година во Кочани.

Утрово,  7 јануари, токму на големиот христијански празник Божиќ, на свет дојде првото бебе во новата година.

Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани.

Според информациите од здравствената установа пристигнати до Радио Кочани, и мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Радосниот настан внесе дополнителна празнична атмосфера во кочанската болница и претставува убав симболичен почеток на новата година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio