Радио Кочани
Кочани

Маж од Виница прегазил жена среде ноќ, тврдел дека претходно бил нападнат

1,995

Маж од Виница прегазил 35-годишна жена сред ноќ. Тој пријавил во полиција дека неколку минути пред инцидентот бил нападнат од едно лице пред угостителски објект.

На 28.12.2025 во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница, информираа од МВР. 

Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од Виница. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio