Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Виничанец остана без 4.400 евра, откако бил измамен дека ќе му увезат возило од Швајцарија
Вчера (26.12.2025) во 10:15 часoт во ОВР Виница, 58-годишен маж од Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 4.400 евра.
Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, тој во текот на октомври 2025 година на лицето Г.З., кој се претставил дека е од Чаир – Скопје, во три наврати му ја дал сумата, а за возврат тој требал да му увезе возило од Швајцарија.
Како што е пријавено, откако не го добил возилото, сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
