Радио Кочани
Кочани

Учениците од ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ со театар на сенки ја освојуваат публиката – иницијатива што прераснува во културен караван

931

 

Во изминатиот период беше реализирана креативна и едукативна иницијатива – театар со сенки, која предизвика голем интерес кај публиката и доби бројни позитивни реакции од колеги, наставници и институции од земјата и регионот.

Проектот, во кој активно учествуваат ученици, покажа дека ваквиот вид уметнички израз има силен едукативен, емотивен и терапевтски ефект.

Преку сенки, движење и приказна, децата испраќаат силни пораки за емпатија, солидарност и човечки вредности.

Како резултат на успешната изведба, учениците веќе добиваат покани да ја претстават претставата во други училишта и градинки, што ја потврдува вредноста и потенцијалот на оваа иницијатива.

Посебен акцент на овој културен настан беше ставен од компанијата„Nature Therapy“, преку која децата беа поддржани со пакети производи што претставува дополнителна мотивација за понатамошна работа и развој.

Наставничката ментор Ана Симонова нагласува дека учениците не планираат да застанат тука.

Напротив, оваа иницијатива има амбиција да прерасне во театарски караван со сенки, кој ќе може да се реализира и во рамки на роденденски забави, културни настани и други манифестации, со што уметноста ќе стане подостапна за пошироката заедница.

Овој проект претставува пример како преку креативност, заедништво и поддршка, младите можат да создадат нешто што остава траен белег и инспирира нови културни приказни.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio