Радио Кочани
Кочани

Министерот за култура Зоран Љутков на средба со градоначалникот Владко Грозданов

170

Министерот за култура Зоран Љутков ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

 Разговаравме за состојбата на културата на локално ниво и добивме целосна поддршка од Министерството и министерот Љутков за решавање на актуелни проблеми и потреби во оваа сфера – соопшти градоначалникот Грозданов.

Како поддршка на Кочани во периодот по трагедијата, Министерството за култура издвои износ од 2 милиона денари за идејно решение за спомен-обележјето за починатите во трагичниот пожар.

Министерот и градоначалникот ја посетија локацијата каде што се очекува да се гради спомен-обележјето.

Тие го посетија и Центарот за култура „Бели мугри“, разговараа за можноста да се приспособи простор за Музеј на македонската рок-музика и за можни реконструкции во објектот.

Министерот Љутков ја нагласи целосната поддршка, отвореност и подготвеност за соработка со Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio