Радио Кочани
Кочани

В петок, 26 декември од 17 часот –  премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

278

Продолжуваме со настапите со новогодишната претстава „Дедо Мраз и изгубениот костим“

По прекрасната енергија, детската смеа и позитивните реакции што ги добивме досега, мотивацијата ни е уште поголема да ја шириме празничната магија и радост насекаде.

Претставата е исполнета со забава, интеракција, поучни пораки и многу смеа – токму она што им треба на најмалите во овој волшебен период од годината

Следуваат уште многу настапи, дружења и весела атмосфера, полна со игра, музика и изненадувања

Подгответе се за нови средби со Дедо Мраз, многу авантури и незаборавни моменти кои ќе останат во сеќавање и на децата и на возрасните.

В петок, 26 декември од 17 часот –  премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Се гледаме! Хо хо хо

Дедо Мраз и изгубениот костим – детска театарска претстава.

Во пресрет на новогодишната ноќ, во домот на Дедо Мраз се случува нешто непредвидено.

Дедо Мраз не знае каде му е костимот, бидејќи не се сеќава каде го оставил по минатогодишното делење на подароците на дечињата низ целиот свет.

Снеженка и Веселко се обидуваат да го решат овој реално голем проблем кој се заканува да ги остави дечињата без новогодишни подароци за новогодишната ноќ.

За среќа тука е Баба Мразица која ќе ја реши мистеријата за дедовиот костим кој го оставил во…

Претстава богата со музички нумери со кореогравска разработка која за дечињата ќе биде интересна и ќе го задржи нивното внимание за времетраењето на претставата од четириесетина минути.

Автор на текст: Катерина Лазаровска,

Режија: Трајко Јордановски,

Композитор: Трајко Јордановски,

Музички продуцент: Бранко Попчевси,

Музичко студио: ,,Абракадабра”,

Учесници:

Дедо Мраз: Никола Милошевски, Шинаси Рамадан,

Снежанка и Баба Мразица: Димитрина Мицкоска-Трајкоска, Ристина Николова, Невена Ѓеоргиева

Веселко: Борко Биџовски, Марко Новески.

Повелете….

В петок, 26 декември од 17 часот –  премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio