Радио Кочани
Кочани

Измамници таргетираат повозрасни лица преку телефонски повици во Кочани

164

Во изминатиотпериод во ОВР Кочани граѓаните пријавија повеќе кривични дела „измама” кои се извршени врз повозрасни лица.

Сторителите ги доведувааат во заблуда  лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за  ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа со смртни последици.

Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно  апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio