Радио Кочани
Кочани

Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – изложба на цртежи од Марина Арсова

152

Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Јавната општинска установа библиотека „Искра“  во Кочани се одржа изложба на цртежи од Марина Арсова.

Марина Арсова, професорка по англиски јазик и книжевност, е уметница аматер, која истакнува дека цртањето, покрај  создавање убави нешта, за неа претставува израз на најдлабоки емоции – на она што не секогаш се искажува со зборува и не секогаш се чита од лицето.

 Од тага до копнеж, од болка до надеж – сенките и светлината ги претставуваат крајностите на животните искуства, кои најчесто се некаде помеѓу нив. Убавината на жената, со сета нејзина ранливост и сила, е симбол на безвременост. Мојот обид е да доловам момент на ранливост, кој иако е затскриен во сенките, останува многу моќен и станува извор на сила – вели Арсова за творечката инспирација на првите изложени дела.

Изложбата ја отвори директорката на ЈОУБ „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio