Радио Кочани
Кочани

Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“

217

Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на националната кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“, денеска во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките проф. д-р Наташа Георгиева и проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска.

Настанот го отвори директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, а делото го претстави  Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар од „Искра“.

Систематското и аналитичкото работење во областа на семејното насилство од страна на авторките резултирало со стручен материјал со богата теоретска основа базирана на научни истражувања, надополнета и со студии на случаи. Освен опис и структура на проблематиката на семејното насилство, во книгата „Азбука на семејното насилство“ се понудени и начините како тоа да се спречи. Книгата претставува лексикон со богато дефинирани поими од областа семејно насилство, што ја прави значајно четиво и за релевантните субјекти од областа, но и за секој поединец што сака да истражува и да се информира – рече Кочовска Салтирова.

За искуството при создавањето на книгата и за сегменти од опишани случаи на семејно насилство говореа авторките Георгиева и Јовановска Стојановска.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio