Радио Кочани
Кочани

ЦК „Бели мугри“ -На 9 декември во 1 8 часот премиера на претставата „Аладин и Дедо Мраз“

266
Ве поканувамe на премиерата на Новогодишната детска театарска претстава „Аладин и Дедо Мраз“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.

Претставата е приказна за пријателството, храброста и магијата во себе, во режија на Сања Гацовска.
Играат членовите на драмското студио:
Петар Крстовски, Павел Стоименов, Николија Ивановска, Јонус Мустафов, Илина Дојчинов, Леона Крстова, Мартин Митев, Милена Постолова, Ангела Личков, Викторија Наунов, Петар Тасевски, Софиа Богатинова, Вера Веселинова, Јана Гацовска и Бојан Коцов.
Премиерата на претставата е закажана на 09.12.2025 година во 18 часот.
На 10,11 и 12 декември во денски термини, претставата ќе се изведе за организирани посети на децата од предшколска и школска возраст.
Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 100 денари.
Со почит,
НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани
СРЕЌНА НОВА 2026 ГОДИНА
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio