Радио Кочани
Кочани

Измамена кочанчанка од две жени кои растурале магија

2,390

На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријавила дека била измамена од две женски лица.

Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари.

Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio