Радио Кочани
Кочани

Виница подготвена за празничната магија: „ViniLand“, започнува на 24 декември

1,570

Општина Виница за годинава најавува вистинска празнична атмосфера со новогодишниот фестивал „ViniLand“, што ќе се одржи од 24 декември 2025 до 6 јануари 2026 година на градскиот плоштад „Ангел Винички“.

Програмата е богата, разновидна и наменета за сите генерации – од најмладите, до повозрасните љубители на добра музика и празничен амбиент.

Фестивалските активности ќе започнат на 24 декември со детски филмови во кино салата, музички настапи на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Славчо Стојменски“, како и вечерна забава со DJ на плоштадот.

Во следните денови граѓаните ќе уживаат во:

Новогодишен базар со ракотворби, празнични производи и локални специјалитети Забавна музичка програма со настапи на основните училишта Детски театарски претстави како „Подарок што не се купува“, „Дедо Мраз и Аладин“, „Новогодишен случај во волшебната шума“ и други Баскерфест Ране и уметнички акробации Божиќен концерт на ученици од музичките школи Изложба на творби од ученици и промоција на книги Бадникови поворки и делење пакетчиња за најмалите

Секоја активност е внимателно распоредена низ деновите, со цел да се овозможи постојана празнична атмосфера на плоштадот. Целта – празнична радост за сите.

Фестивалот „ViniLand“ годинава носи богат спој на музика, театар, уметност, базар, семејна забава и празнични традиции.

Градоначалникот Митко Костадиновски ги повикува сите граѓани да присуствуваат на настаните,  а доплнително ќе има и големо изненадување за сите.

Исто така, „Viniland“ има своја инстаграм страница каде организаторите ќе бидат известувани за настаните.

Сите настани ги има на фотографијата веднаш под текстот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio