Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Костадиновски го посети Дневниот центар на лица со попреченост во Виница

218

Градоначалникот Митко Костадиновски, по повод 3 декември , Меѓународниот ден на лица со попреченост, денеска го посети Дневниот центар за згрижување на лица со попреченост во Виница

–   Овој ден е потсетник за важноста од поддршка, инклузија и почитување на лицата со попреченост, но и потсетување дека тие не треба да бидат во фокус само на 3 декември. Тие ги живеат своите предизвици, успеси, радости и потреби секој ден, исто како и сите други, и заслужуваат континуирана внимание, разбирање и рамноправни можности, рече градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, при посетата на центарот каде беше приредена пригодна програма во која учествуваа и дечињата од ДГ „Гоце Делчев“.

Општината останува посветена на создавање услови за подобар, подостапен и поквалитетен живот за лицата со попреченост, а ваквите средби се доказ дека заедништвото  и инклузијата можат да ја направат заедница посилна, смета Костадиновски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio