Радио Кочани
Кочани

Средба на градоначалникот Владко Грозданов со станарите од Трговскиот центар блок А

680

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов одржа средба со станарите од Трговскиот центар, од блок А, на чија источна  страна од терасата се наоѓаат угостителски објекти.

На средбата беа детектирани проблемите од јавен интерес, за кои градоначалникот Владко Грозданов најави изнаоѓање најсоодветни начини за нивно надминување.

Станарите побараа да се отстранат бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на Трговскиот центар блок А, и доколку е можно, да се постави заедничка кровна конструкција на терасата, или пак да се изработи проект за хидроизолација и замена на газиштата на скалите.

Станарите предложија, во краен случај, просторот да се користи како порано, односно со поставување маси и столови покриени со чадори и украсување со жардиниери.

Тие побараа решенија и за гласната музика и бучавата, за непријатните мириси од кујните на угостителските објекти, како и подобрување на безбедноста и функционалноста на подземниот премин.

На состанокот беше заклучено дека Општина Кочани ќе преземе соодветни дејства за решавање на наведените проблеми, со цел да се подобри целокупната слика за градот и Општината и да се зголеми безбедноста и квалитетот на животот на станарите.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio