Радио Кочани
Кочани

Камерите на ,,Сејф сити” во функција – казните почнуваат од јануари

749

Од денеска стартуваше системот „Безбеден град, безбедна држава“ – камерите на „Сејф сити“ официјално го снимаат сообраќајот и ќе регистрираат прекршоци.

Министерството за внатрешни работи најави дека до Нова година ќе трае пробен период, во кој возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни.

 

Од јануари, системот целосно стапува во сила.

 

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, информира дека нема да има толеранција – секој прекршок снимен со камерите ќе биде санкциониран, без разлика дали е во град или на автопат.

 

Сопствениците на возилата ќе добиваат СМС и мејл со линк до записникот и платниот налог.

Во рок од осум дена казната може да се плати во половина износ. По истекот на рокот следува целосна казна и присилна наплата.

 

Во првата фаза ќе се регистрираат прекршоци како: пречекорена брзина, минување на црвено светло, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање.

 

Системот веќе ги покрива Скопје, Тетово, Куманово и автопатските коридори „8“ и „10“, а до средината на следната година – целата држава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio