Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов на работен состанок со директорите на основните и на средните општински училишта

769

Денеска директорите на основните и на средните училишта во Кочани одржаа работна средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата градоначалникот се запозна со состојбата со бројот на ученици и со ангажираниот наставен кадар и со одвивањето на наставата во учебната 2025/2026 година. По изнесените состојби од директорите се заклучи дека нема пречки за непречено одвивање на наставата во шесте основни и двете средни училишта.

Се дискутираше и за можностите за започнување постапка за измена на актуелната реонизација на училиштата за новата учебна година, во соработка со Советот на Општина Кочани.

На средбата се дискутираше за потребите на училиштата, за можната реализација на инфраструктурни проекти од страна на Општината и МОН, како и за други можности за нивно финансирање. Се заклучи дека нема пречки  во превозот на ученици, но и дека се користат многу средства, па да се бара начин како да се набават училишни автобуси за таа намена.

Директорите информираа дека сите училишни објекти се затоплени, но има проблеми во инсталациската мрежа и парните котли, а побараа начин за обезбедување греење во салата во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари. На крај се разгледуваше можноста за начинот за бесплатно користење на спортските сали за спортските клубови од Кочани.

– За мене како градоначалник, образованието како и активностите на училиштата се особено важни во мојата работа, наставата да се реализира без пречки, но и  да работиме согласно законот и насоките од Министерството за образование и наука, затоа во интерес на тоа почесто ќе реализираме вакви средби за информирање и координација – истакна на средбата со директорите градоначалникот Грозданов.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio