Од 10 до 15 овој месец, ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани ќе го реализира 19. Саем на книгата, на кој ќе учествуваат повеќе издавачки куќи од Републиката. На овој настан од културата, планирано е претставување на роднокрајниот автор, Благоја Стојков, зад кого стои издавачката куќа „Антолог“.
Саемот ќе се одржи во просториите на кочанската библиотека под мотото “Книгата не спојува-ние читаме-читајте и вие”. Отворањето е закажано за 10 ноември од 12 часот.
Во текот на оваа шестдневна манифестација посветена на љубителите на книгата, библиотеката ќе биде отворена секојдневно во периодот од 10 до 18 ч. Читателите ќе имаат можност да купат литература од различни излагачи и издавачки куќи.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе