Радио Кочани
Кочани

Средношколци од Кочани во трката за 1.000.000 денари – да ги поддржиме младите иноватори

2,139

Никита Митевски, Мите Атанасов, Даниел Јанев, Даме Јаневски и Матеј Стоиловски се средношколците од нашиот град кои со нивната идеја Linkify се натпреваруваат за 1.000.000 денари во рамки на нацоналниот натпревар „Средношколец милионер“ во организација на Brainster Next College и NU академиите за талентирани средношколци.

Нивната идеја е една од 53 селектирани бизнис идеи кои имаат најголем потенцијал, во конкуренција од 438 бизнис идеи, а за да продолжат понатаму потребна им е нашата поддршка.

Linkify е веб-платформа и екстензија на интернет пребарувач која работи во позадина и ги штити корисниците од малициозни линкови и сајбер закани. Системот ги скенира линковите пред кликнување, анализира за измами и други опасности и дава јасни предупредувања со детални информации за ризикот. Достапна како веб-алатка и екстензија за сите модерни пребарувачи, Linkify обезбедува непречено и безбедно интернет искуство.

Секој глас значи поддршка за младите умови кои ја градат иднината на Кочани и на целата земја. Вашиот глас и поддршка можете да им ги дадете тука:

https://milioner.mk/vote/e1cba4d8-9f0a-440e-afca-2a40b10924ce

Да им помогнеме нашите претставници да стигнат до финалето и да покажеме дека Кочани стои зад своите таленти.

Гласањето трае со 16 ноември.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio