Радио Кочани
Кочани

Света Литургија и голем црковно народен собир по повод манастирската слава Успение на Пресвета Богородица во с. Пресека

897

Со Света Литургија  и голем собир ќе биде одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица на манастирот посветен на Мајката Божја во село Пресека, Кочанско.  Секоја година на овој празник по повод манастирската слава  во манастирот се собираат голем број верници и се организира голем црковен собир.

Свештениците од кочанското архиерејско намесништво информираат дека на ден пред празникот на 27 ми август вечерта ќе се служи Вечерна Богослужба,  а по вечерната за сите присутни верници ќе биде организирана манастирска посна трпеза. На самиот празник на Успение на Пресвета Богородица на 28 и август во 8 часот наутро ќе биде отслужена Утрена со Света Божествена Литургија. Веднаш по завршување на Литургијата за сите верници ќе се дели манастирски ручек.

Од црковниот одбор на манастирот информираат дека за сите верници кои сакаат да бидат дел од Литургијата и манастирската слава ќе биде организиран превоз, автобуси на компанија Тасим од Оризари и сите заинтересирани на кои што им е потребен превоз до манастирот да се пријават на телефон на Тасим компанија 077/685 – 486.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio