Радио Кочани
Кочани

ЦК „Бели мугри“ – Фолклорниот ансамбал „Мугри“ од денеска e на Фестивалот „Коло без граници“ во Тиват

274
Фолклорниот ансамбл „Мугри“ на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани веќе е во Тиват, Црна Гора, каде  денеска, 20 -ти август, започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Коло без граници“, чиј организатор е КУД „Бока“ од Тиват.

Членовите на ФА “Мугри” ќе настапат на два концерти со по две кореографии. На првиот концерт ќе се претстават со сплетот од ора „Водарки и сплетот „Потрчулка”.  На вториот ќе ги одиграт „Потрчано” и сплетот „Тропнало”.
Фестивалот „Коло без граници“ во Тиват се одржува по шести пат, четридневен е и завршува на 24 август.
.
Со учества на вакви меѓународни фолклорни настани, успешно ги реализираме планираните активности, што се дел од годишната програма на ЦК „Бели мугри“ за 2025 година, велат од ФА „Мугри“и Оркестарот за народни песни и ора при Националната установа од Кочани.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio