Радио Кочани
Кочани

Екипа од ДПД Кочани на обука во Србија и успешна интервенција при враќање

385
Седумчлена екипа од ДПД Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во организација на Рускиот хуманитрен центар во Србија и ДВД Стефан Синџелич од Ниш.
Обуката се состоеше од три дела Прва помош, Спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода и Алпинистичко качување и спуштање со јаже.
Голема благодарност до организаторите кои максимално посветено и професионално ги изведоа обуките, како и за нивната гостопримливост.
На враќање од Србија на граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници беше побарано да интервенираме на пожарот кој се закануваше на самиот граничен премин.
Поставивме линија од хидранска мрежа и интервениравме во координирана акција со Дирекција за заштита и спасување и по двата прелета на двата ер трактори со 100 постотна ефикасност нашата екипа се повлече од местото упатувајки се кон Кочани.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio