Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Набљудување на Месечината
Вечерва, 6 август, среда, од 19 часот, на платото пред НУЦК „Бели мугри“ во Кочани, Скопското астрономско друштво и ЦПКА-Малинска ќе овозможат набљудување на Месечината.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се придружат и да го погледнат одблизу природниот сателит на нашата планета.
Активноста се реализира како најава за содржините од програмата за млади „Лето во друштво“, којашто ќе трае од 11 до 23 август.
