Радио Кочани
Кочани

Потпишан договор вреден 7, 5 милиони денари за унапредување на патната инфраструктура во Зрновци

278
Во насока на  унапредување на патната инфраструктура во општинскиот центар Зрновци,  градоначалникот Борчо Коцев, со избраниот економски оператор, го потпиша договорот за реализација на проектот „Изградба и реконструкција на општински улици“, чија  вредност изнесува 7.478.789,14 денари со вклучен ДДВ.

Проектот опфаќа изградба и реконструкција на улиците  „Илинденска“ – крак 3, 4, 5 и 6, „Маршал Тито“ – крак 1, „Тодор Арсов“ – дел за реконструкциј, „Гоце Делчев“ – од раскрсница кај училиштето и нов крак на истата, потоа, реконструкција  на сообраќајниот мост на местото викано „Соколана“ како и реконструкција на улицата „Први Мај“ до м.в. Марена и плоштад на истата
 – Овој проект е дел од нашата визија и програма за континуирано подобрување на урбаната структура и безбедноста на сообраќајот, како и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните, информира градоначалникот Коцев.
Работата на терен ќе започнео веднаш откакоизведувачот на работите ќе ги прими надлежностите од на надзорниот орган.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio