Радио Кочани
Кочани

Акциска контрола во Виница, малолетници конзумирале алкохол, нападнати полициски службеници

1,542

Полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, од Државен пазарен инспекторат, од Трудов инспекторат, од Управа за јавни приходи и Центар за јавно здравје-Кочани, на 02/03 овој месец во времето од 23:50 часот до 02:00 часот, постапувајќи по претходно подготвен план извршија контрола врз работењето на угостителски објект (Градски базен) во Виница.
При тоа, легитимирани се 19 лица и извршен е преглед врз осум лица Од  страна на полициските службеници во објектот биле затекнати и три малолетни лица, од кои две на 16 годишна возраст од Виница и едно на 14 годишна возраст од Кочани, како конзумираат алкохолни пијалоци. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кочани и по негови насоки поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело  „точење алкохолни пијалоци на деца“ по чл. 204 од КЗ на РСМ, од лицата, во присуство на родител/старател, земени се изјави, материјал за анализи и извршено е алкотестирање.

При вршењето на контролата од страна на У.М. (34) од Виница прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајца полициски службеници, по што У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Покрај ова и од страна на Државниот инспекторат за труд при контролата констатирани се прекршоци во делот на нерегулирани работни односи на дел од вработените во угостителскиот објект.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio