Радио Кочани
Кочани

ФАТЕН ТОЛСТОБИК ДОЛГ 130ЦМ И ТЕЖОК НАД 50 КИЛОГРАМИ НА БРАНА ГРАТЧЕ

7,932

Во текот на вчерашниот ден, двајца рибари од Кочани направија неверојатен улов на браната Гратче – фатија огромен Толстобик со должина од 130 сантиметри и тежина од над 50 килограми.

Несекојдневниот улов предизвика вистински интерес меѓу љубителите на спортскиот риболов, особено поради фактот што ваков примерок ретко се среќава во овој регион. Според рибарите, борбата со рибата траела речиси еден час, а на крајот резултирала со спектакуларен трофеј.

Браната Гратче, која е познато излетничко и риболовно место, повторно ја потврди својата репутација како дом на вистински риболовни предизвици.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio