Радио Кочани
Кочани

Расчистени мали депонии на неколку локации во Кочани

334

Комуналните служби од Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ исчистија повеќе мали депонии на неколку локации во Кочани.

Со механизација на „Водовод“ отстранет е насобраниот смет под ѕидот на улицата „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица.

Отстранети се и малите диви депонии на патот од Грдовци кон Прибачево.

На паркингот пред Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“, со поддршка на службите од ЕВН е израмнет насипот, а „Водовод“ ја санираше состојбата со отпадот.

Комуналните служби апелираат граѓаните да го исфрлаат отпадот во канти, соодветни контејнери и да придонесат во одржувањето на хигиената на јавните површини во градот и во населените места.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio