Радио Кочани
Кочани

Локалниот младински совет на Општина Кочани ја одржа првата работна седница

310

Локалниот младински совет на Општина Кочани ја одржа првата седница по неговото конституирање, на која поздравно обраќање пред младите имаше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

За претседател на Локалниот младински совет едногласно беше избран Гаврил Гацов, претставник на Младинската организација „Единство“ од СОУ „Љупчо  Сантов“ – Кочани.

За заменик-претседател е избрана Анабела Коцова, претставничка на политичкиот подмладок на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата беше изгласан Деловникот за работа на Локалниот младински совет на Општина Кочани.

Членовите на Локалниот младински совет дискутираа за изготвувањето на програмата по која ќе работи ова младинско тело и за натамошните активности.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio