Радио Кочани
Кочани

ВО КОЧАНИ СНЕГ ЌЕ ВРНЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ, ДО ПЕТОК ЌЕ БИДЕ СТУДЕНО

1,142

Снежното невреме од југозапад забрзано ја зафати целата територија на Македонија, па така во следните речиси 48 часа ќе има обилни врнежи од снег насекаде во Македонија, проследени со повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе услови многу ладно време, голомразица, како и појава на снежни наноси. Се очекува насекаде да се формира снежна покривка во Македонија, и тоа во градовите со висина од околу, па и над 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри, додека во западната половина од Македонија снежната покривка во дел од градовите ќе надминува дури и 50 сантиметри.

 

На планините и на Скијачките центри се очекува нов снег и до околу еден метар. Во Кочани со овој голем снежен и ладен бран се очекува формирање на снежна покривка со висина од 20 до 25 сантиметри, можно е и повеќе, додека во повисоките предели, како и на Осоговските планини таа ќе биде значително поголема.

Температурите речиси насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, како во ноќните и утринските часови, така и во текот на денот, само во крајните југоисточни предели температурата ќе биде само за некој степен над нулата преку денот. Новата седмица ни носи ниски температури кои наутро на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а на повеќе места и под -10 степени , а се очеуваат температури дури и до околу, па и под -15 степени и појава на силен мраз насекаде во Македонија. СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која се очекува.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе