На 20 декември ЦК „Бели мугри“ ќе биде домаќин на ретроспективна изложба на еден од најплодните кочански ликовни творци, Танас Дедов.
Изложбата ќе биде сооставена од најзначајното што Дедов го создал во изминативе шеесет години од својата кариера како ликовен уметник.
„60 години од неговото творештво, 60 години посветеност во уметноста. Јубилеј за почит“, вели во своја објава на социјалните мрежи, Ана Дедова, поетеса, ќерка на Танас Дедов.
Почетокот на изложбата е закажан за 18 часот во салонот на спратот на ЦК „Бели мугри“.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе