Радио Кочани
Кочани

Почит кон револуционерите за Денот на македонската револуционерна борба

1

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев и општински делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата во Кочани, на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните во која истакнува дека основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираното револуционерно движење на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава Македонија.

– Овој датум е повод да им оддадеме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ. Денот на македонската револуционерна борба е симбол на македонскиот непокор, повик да го чуваме нашиот идентитет, нашето културно и духовно наследство – се вели во честитката од Папазов.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе