Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Одговор до Општина Кочани и известување до целокупната јавност
Рано утрово по иницијатива на Општина Кочани, а со цел изнајдување на решение за Градската депонија во Кочани, ДПД Кочани со свои претставниц во просториите на Општина Кочани оствари среда со градоначалникот Љупчо Папазов и секретарот Драган Ананиев.
Тема на разговорот беше понудата до ДПД Кочани да се вклучи во обезбедувањето на Градската депонија во Кочани, со тоа што ќе ја преземе третата смена од чуварската служба.
Во понудата стои и паричен надоместок за друштвото, односно за нашите членови кои ќе бидат ангажирани.
Во интерес на времето, а со цел што поскоро да се изнајде решение за Депонијата каде што Општина Кочани изминатите неколку денови интензивно работи, ДПД Кочани имаше итна кординација на своето членство.
Беа презнтирани барањата и условите од Општина Кочани, по што со апсолутно мнозинство беше констатирано дека ДПД Кочани во моментов како со човечки, така и со технички капацитети не може позитивно да одговори на понудата од Општина Кочани. Како и до сега, така и натаму остануваме отворени за меѓусебна соработка во склоп на нашите капацитети и можности со Општина Кочани и КЈП Водовод на кои низа наврати имаме излезено во пресрет, како за Депонијата, така и за јавната чистото и зеленило. Оваа прилика ја користиме да упатиме уште една порака до сите засегнати, што поскоро да се изнајде решение за подобро утро на сите нас