Радио Кочани
Кочани

Кружниот тек лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во „Стришани“ е небезбеден за учесниците во сообраќајот

519

Според возачите – кружниот тек лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани, е небезбеден за учесниците во сообраќајот.

Причина за тоа е слабата прегледност на возачите кои се вклучуваат од улицата „Стево Теодосиевски“ кон сообраќајницата на „Димитар Влахов“.

Исто така, според нив и оние кои се движат од улицата „Димитар Влахов“, неможат да ги видат оние кои се наоѓаат на „Стево Теодосиевски“.

Непрегледно е во текот на денот, а управувачите на моторните возила во вечерните часови се ориентираат според светлата на автомобилите.

Решението според  нив е, кога веќе неможат да се отстранат објектите кои пречат на видливоста на возачите,  е да се постави сообраќајно огледало или евентуално други сообраќајни помагала кои делумно би ги олесниле маките на учесниците во сообраќајот.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе