Радио Кочани
Кочани

Уапсен 24-годишник од Кочани: со возило удрил во паркиран автомобил па избегал

1,485

Ноќеска  во 02.30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода 24-годишниот Б.М. од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 02.00 часот на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани, со патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, по што го напуштил местото, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе