Радио Кочани
Кочани

Честитки Амфенол за 11те години успешна работа во Кочани

1,312

Месецот Октомври е месец на Амфенол Технолоџи Македонија. Годинава гигантот од Кочани полни 11 години успешна работа. Од година на година има се поголем број вработени и се поголема автоматизација и дигитализација во компанијата.  Бројката од 3.200 вработени секојдневно се зголемува, и покрај фактот што во последно време се оперира со машини – роботи,  кои самостојно ги извршуваат работните задачи.

Генералниот менаџер на Амфенол Сашко Наков е презадоволен од досега постигнатото во сите десеттина бизнис единици, како и од остварениот приход и профит на компанијата. Тоа ми дава сила и храброст, со комплетниот тим од кој сум презадоволен,  да не застануваме и да продолжиме со истото темпо.

 

Како општестевено одговорна компанија која за целиот изминат период донираше и помагаше во повеќе области од секојдневното живеење, Амфенол особено работеше посветено на еколошкиот аспект од тековното работење, за која цел се градат повеќе паркови и зеленило во непосредна близина на работните места.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе