Радио Кочани
Кочани

80 – годишник нападнал 50 години помлада сосетка во кочанско

507

79-годишен жител на кочанското село Оризари бил пријавен дека физички нападнал 30-годишна сосетка во селото, во нејзиниот двор, соопшти МВР.

„На 07.10.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Кочани, Ѓ.Т.(30) од с.Оризари, кочанско, пријавила дека во дворот од семејната куќа била физички нападната од соседот Ј.С.(79), кој употребил и тврд предмет“, се вели во полициското соопштение.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе