Радио Кочани
Кочани

Од три јавни тоалети во Кочани, ниту еден од нив не си ја врши основната функција

1,660

Јавниот тоалет, лоциран позади Центарот за култура „Бели мугри“ одамна не ја извршува својата основна функција. Запуштен, со расфрлано ѓубре, облека и други амбалажи уште оддалеку ги одбива минувачите и воопшто не служи на намената за која бил изграден.

Смрдеата од фекалиите и од останатиот отпад се шири дури и до бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, така што не е препорачливо да се биде на ова место подолго од неколку секунди.

Искршено е огледалото, извадени се чешмите за миење раци, како и даските на тоалетните школки. Надворешноста од објектот, пак е вандализирана со натписи и графити, кои несовесните граѓани го сториле изминатиов временски период.

Секако дека дополнителен опис и не е потребен, затоа што снимките го доловуваат целиот амбиент.

Соседите од објектите во близина на Центарот за култура „Бели мугри“, не сакаа да коментираат пред камерата на Радио Кочани, но рекоа дека дека многу пати реагирале кај надлежните во Општина Кочани, како и и во комуналното претпријатие „Водовод“, но до сега немало соодевтна реакција од никого.

Тоалетот сега го користат само оние кои се на големa мака, а истовремено и оние кои присуствуваат  на манифестациите кои се одржуваат во Паркот на Револуцијата.

Инаку, во Кочани има три јавни тоалети, од кои ниту еден од нив не ја врши својата функција. Па поради тие причини, граѓаните честопати физиолошките потреби ги извршуваат на јавните површини.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе