Радио Кочани
Кочани

Општинската организација на Црвен крст – Кочани доби нови простории

1,070

Општинската организација на Црвен крст – Кочани доби нови простории со површина од 130 квадратни метри, а се лоцирани во непосредна близина на Градскиот плоштад.

На свеченото отворање, присуствуваше и Генереалниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити.

По повод успешната соработка со Општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, како и со Генералниот секретар на Црвен Крст на Македонија, Саит Саити, секретарот на Општинската организација на Црвен крст – Кочани, Анета Коцева им додели благодарници за успешната и долгогогодишната соработка.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе