Радио Кочани
Кочани

СОУ „Љупчо Сантов“ го финализираше проектот „Млади еко инспектори“

357

СОУ „Љупчо Сантов“ го финализираше проектот „Млади еко инспектори“ во рамките на Еразмус  + програмaта, финансиски  поддржан од фондовите на Европската Унија. .

Покрај средното училиште од македонска страна беше вклучено  и КЈП „Водовод“,  како и партнери  од градовите Пазарџик од Бугарија и  Лариса од Грција. Кординатор на проектот беше Регионалната агенција за енергетика од Пазарџик.

Во рамки на проектот беа изработени четири интелектуални резултати. Тие се однесуваа на веќе изготвениот прирачник за тоа како да се спречи загадувањето на водата и воздухот, интернет платформа на која се собираат и анализираат податоците од мерењата, стратешки документ со препораки за подобрување на справувањето со предизвиците од загадувањето, како и воспоставување на транснснационално партнерство помеѓу различни организации со цел подобрување на едукативниот процес во општините Кочани, Пазарџик и Лариса.

Проектната идеја беше да се мотивираат помладите за активно учество во опшествените процеси и да се промовира Европската димензија на локално ниво за зајакнување на младинското лидерство.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе