Радио Кочани
Кочани

Отворена изложбата „Нова димензија во создавање 2“ од авторката Александра Димитрова

181

Вечерва во Салонот два при Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата „Нова димензија во создавање  2“ од аворката Александра Димитрова.  На настанот присуствуваа голем број граѓани кои го преполнија фоајето. Со музички точки се претставија Макарија Иванова и нејзината професорка Марија Лазарова од музичкото училиште „Ристо Јуруков“.

Според нејзиниот колега, Синиша Новески во делата на Димитрова се чувствува силна експресивност и виталност преку играта на ликовниот јазик.

 

 

Изложбата „Нова димензија во созадвање 2“ беше поддржана од Министерството за култура, Општина Кочани, како и Центрарот за култура „Бели мугри“.   Проект е насловена и како патувачка изложба бидејќи истата, ќе биде поставена и во други градови низ нашата држава и пошироко. Заинтересираните граѓани може да ја погледнат до 12 октомври.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе