Радио Кочани
Кочани

Локалната самоуправа на Зрновци обезбеди логопед за триесетина деца во градинката и основното училиште

286

На над триесетина дечиња од пред училишна возраст во Детската градинка „Бисерчиња” и ученици во основното училиште „Синиша Стоилов” ,  Локалната самуправа на Зрновци и овозможи директен пристап и услуга, третман со стручно лице, Логопед.

Покрај работата со дечињата со потешкотии во изговори на букви, зборови и гласови, стручното лице, ќе работи и превентивно со сите дечиња кои се запишани во  градинката.

-Со потпишаниот договор за ангажирање на стручното лице-Логопед, им ги решаваме тешкотиите и финансиските трошоци на сите родители кои во минатото биле изложени приватно и лично да бараат, чекаат со месеци да овозможуваат термини за работа со дечињата.

Согласно нашата стратегија и политика на Локално ниво за Социјална и детска заштита како и нашата насоченост кон тоа да помагаме на училиштето во нивниот напор да постигнат успех со континуирано подобрување на нивните програми, услуги и процеси, Наша заедничка цел е да израснеме и изградиме здрави и едуцирани генерации на дечиња во општина Зрновци, истакна за Радио Кочани, градоначалникот Борчо Коцев.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе