Радио Кочани
Кочани

Објавата на Радио Кочани за инцидентот во ОУ „Раде Кратовче“ ги разбуричка страстите и дигна преголема прашина (ДЕМАНТ)

1,718

 

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација побара произнесување во врска со информацијата објавена на нашиот портал www.radiokocani.mk, со наслов: Инцидент во основното училиште „Раде Кратовче“. Има ли дискриминација на учениците од ромска националност?

Во дописот за барањето се вели дека ОУ „РадеКратовче“, неколку години наназад врши сегрегација врз ромските деца, што е гола невистина и се работи за ноторна лага, која како медиумска куќа со децении работи на овие простори без двоумење ја демантираме.

Во објавата стана збор за сосема мал интеренинцидент, помеѓ удвајца родители, а целта за информирање на јавноста беше, вакви и слични недоразбирања да не случуваат во иднина .Веродостојно и целосно ги објавивме изјавите на родителите од ромска националност, а истотака и од директорот, Глигорчо Гацовски, кој ја истакна повеќедецениската работа со ученици од ромска националност на ова училиште  и дека досега никогаш не се случувале било какви инциденти помеѓу учениците од различни националности и верска определеност. Мајката Емилија Исанова, која го даде исказот пред камерата на „Радио Кочани“, во повеќе наврати искажувала незадоволство од третманот врз својата ќерка, ученичка во петтоодделение, ни изјавија од училиштето алудирајќи на злоупотреба на медиумите од нејзина страна.

Во објавата се задоволени сите страни. Дадена им е можност на сите по своја волја и целосно без цензура да си ги искажат своите ставови. Уште еднаш, „Радио Кочани“ без условно демантира дека во објавата станува збор или се работи за било каква дискриминација, а уште помалку сегрегација, која повеќе ромски организации, фондации и здруженија на граѓани се обиделе да ја искористат за своја сопствена промоција и поделба на учениците на наши и ваши.

Се надеваме во иднина ваквите објави нема да се користат за поделби, туку токму спротивно за обединување на сите наши деца.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе