Радио Кочани
Кочани

Минатата недела во кочанскиот регион почна жетвата на оризот, оризопроизводителите се незадоволни од откупните цени…

2,228

Земјоделците од кочанскиот регион минатата недела ја почнаа жетвата на оризот од овогодишната реколта. Според нив првичните приноси ветуваат добар род на арпата, но тие  се незадоволни од најавените цени од 26 до 33 денари.

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски посочи дека годинава ќе има зголемен принос на ориз, а нивен приоритет, како Влада  е да го заштититат домашното производство.

Во текот на пролетта во Кочанско со ориз беа засадени околу 3.800 хектари, при што земјоделците очекуваат 20 илјади тони оризова арпа.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе