Радио Кочани
Кочани

Кочанските пензионери задоволни од септемвриското покачување на пензиите (ВИДЕО)

4,631

 

Пензионерите денеска на своите трансакциски сметки ги добијa септемвриските пензии кои се со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно покачување од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија.

Редица пензионери пред банкоматите во Кочани, забележа камерата на Радио Кочани. Тие се задоволни и велат дека за нивниот скромен буџет, сумата е добредојдена.

 

За исплата на пензиите до крајот на годинава со ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни пет милијарди денари. Од тој износ, 2,5 милијарди денари се средства кои се трансферираат дополнително во Фондот за пензиско осигурување заради реализација на најавеното линеарно зголемување.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе