Радио Кочани
Кочани

60 години ЛК „Копнеж“: За јубилејот – Поетски караван

50

Раче Мицов, претседател на ЛК „КОПНЕЖ“ при библиотеката „ИСКРА“- Кочани, во разговор не информираше дека почнал со реализација есенскиот Поетски караван.

Поетскиот караван е посветен на 60 годишнината од формирањето на ЛК „КОПНЕЖ“ и одбележувањето на Месецот на книгата, кој започнува на 15.10.24. и трае до 15.11.24 година.

Првата поетска средба е реализирана на 18.09.24. со учениците од деветолетката „Св.Климент Охридски“ од Облешево. Од ЛК „КОПНЕЖ“ учествуваа 5 поети а од училиштето 7 ученика. Наредната недела ќе бидат посетени: во вторник, 24.09. со почеток во 12,оо ч, гимназијата „ЉУПЧО САНТОВ“, а во среда, 25.09, со почеток 11,30 ч деветолетката „ Малина Попиванова“.

Во октомври и ноември ќе бидат посетени сите основни и средни училишта од општина Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Ги повикуваме љубителите на пишаниот збор, кои имат напишано или се љубители на литературни творби, во договор со „ЛК-КОПНЕЖ, да присутвуваат на поетските средби, велат од Литературниот клуб од Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе