Радио Кочани
Кочани

За третиот роденден на ДПД Кочани – Меѓународен натпревар, презентација на професијата пожарникар и добра забава…

162

Во Саботата доброволното противпожарно друштво од Кочани го прослави третиот роденден.

Настанот започна со смотри и говори на градоначалникот Љупчо Папазов и Златко Илијев, потоа во склоп на својот трети роденден доброволците пожарникари од Кочани го организираа вториот Меѓународен противпожарен натпревар, Kochani Fire Challenge 2024 на кој  учествуваа екипи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Бугарија.

Инаку во рамките на натпреварот беа организирани и детски противпожарни игри за петтоодделенците од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Екипата на Доброволното противпожарно друштво Петроварадин, Нови Сад од Р. Србија со најдобро време од девет минути и две секунди, беа најдобрите на Меѓународниот противпожарен натпревар потоа второпласирана беше екипата на ДПД Рогошка Слатина, од Р. Словенија со освоено време од девет минути и дванаесет секунди, а треттото место и припадна на противпожарната екипа од Рафинерија ОКТА, Р. Македонија со десет минути и 47 секунди.

Во женска конкуренција првото место и припадна на женската екипа на ДПД – Сингелиќ од Ниш.

Настанот имаше за цел јавноста и граѓаните одблиску да се запознаат со работата на пожарникарите, нивна промоција и презентација на пожарникарската професија и воедно одбележување на тригодишнината од формирањето на ДПД – Кочани, а по прогласувањето на победниците во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани следуваше добра забава со убава музика, добра скара и пијалоци за присутните.

Д.Михајлов

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе