Радио Кочани
Кочани

Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож во вратот…

3,938

Притворен маж чиј нож се скршил при обидот да убие лице со кое се пазарел за мобилен телефон

Според информациите од Обвинителството, осомничениот се договорил со жртвата да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани за да се договорат околу продажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале, 24-годишникот влегол во возилото на жртвата, седнал на совозачкото место и почнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

„По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот“, вели Обвинителството за случајот.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе