Радио Кочани
Кочани

Кочанчанец криел 122 килограми марихуана во подрумот на својата фирма

3,773

Денеска надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 73 годишниот И.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

 

 

На 15 февруари 2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 килограми марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе