Радио Кочани
Кочани

Повик за учество во Празнично дефиле во склоп на „Денови на кочанскиот ориз 2024“

615

Во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2024“, на 28 септември ќе се одржи Празнично дефиле на кое ќе можат да се претстават јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани, физички лица.

Општина Кочани, како организатор на манифестацијата на учесниците ќе им овозможи два начини на претставување, со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата „Маршал Тито“ до Паркот на Револуцијата и со прикажување краток перформанс на крајот на движењето на сцена во Градскиот Парк (перформансот може да трае 1-2 минути).

За да Празничното дефиле биде што помасовно, Општина Кочани ги повикува сите заинтересирани да го пријават своето учеството и да ги афирмираат своите активности од најразлични области: спорт, култура, образование, социјална заштита. Настанот им дава можност и на приватните фирми и на институциите на креативен начин да ги претстават своите производи, можности и начин на работа.

Сите кои сакаат да се вклучат во дефилето потребно е да ги испратат следните податоци на меилот на општината: Име на претставувачот, број на учесници, каков вид на перформанс ќе има, кратко претставување и контакт од одговорно лице.

Пријавувањето може да го направите на меил: [email protected], најдоцна до 20.09.2024 година.

Информации на телефоните:

Голубинка Георгиева: 072-275-610

Аника Илијевска Ѓорѓиева: 072-275-689

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе