Радио Кочани
Кочани

Отворена е канцеларија на НСОН во Кочани…

517

во Кочани се отвори канцеларија на НСОН. Со зголемување на членството кое е во драстичен пораст се отворија канцеларии речиси во секој град од Македонија, а неодамна и ССМ одреди простории во дел од градовите кои може да ги користи Независен синдикат за образование и наука.

Регионален претседател на НСОН е професор по Македонски јазик и литература Ана Симонова која не извести дека нивниот став е дециден дека основна цел на синдикатот е потпишување на Колективен договор за вработените во образование како и пораст на платите. Протестите ќе започнат од втори Септември во Битола како знак на револт и неисполнување на барањата на вработените во образование.

НСОН се стреми да постигне репрезентативност а се надевам дека тоа ќе го стори во најкраток можен рок со што вработените во образование ќе добијат синдикат кој силно се бори за да го врати достоинството на наставникот. Затоа ги повика сите кои не се членови на синдикатот да се приклучат во истиот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе