Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани потпиша меморандум за соработка со американската Општина Лајонс

124

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и Кристофер Гети, градоначалникот на Општина Лајонс од Илиноис во Соединетите Американски Држави, денеска потпишаа меморандум за партнерство на општините.

На средбата на градоначалниците беше истакнато дека меморандумот претставува официјална потврда, признание за силните врски на пријателство, културната размена и заемната поддршка воспоставени помеѓу двете локални заедници. Едновремено, партнерството ја симболизира и посветеноста за поттикнување на меѓународнотo разбирање и соработка.

Градоначалникот Гети ќе ја искористи посетата на Кочани да се запознае со потенцијалите за развој и можностите за конкретна соработка на стопански и културен план.

Соработката со американската општина Лајонс, којашто се наоѓа во непосредна близина на Чикаго, е по иницијатива на кочански иселеници во САД.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе